|
ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА REVOLUTION.MK
I. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ И ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ
I.1 - ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- Сите лични податоци кои ги внесувате во текот на регистрацијата и при пополнувањето на нарачките на Revolution.mk се чуваат на нашиот сервер кој користи современ софтвер со соодветна заштита, односно енкрипција. Податоците запишани во нашата база на податоци не се споделуваат, ниту пак се продаваат на трети лица, а истите, Вие како корисници и потрошувачи сте самите согласни да ги внесете, со што при внесувањето целосно ги прифаќате нашите услови и правила.
- Малолетни лица не смеат да ги оставаат нивните податоци без дозвола од родител или старател. Родителите или старателите се должни да им го појаснат на своите малолетни деца законот за заштите на личните податоци.
- Сите собрани податоци од наша страна се користат ЕДИНСТВЕНО за извршување на испорака на нарачките и законска евиденција на продажбите.
- Податоците кои ги запишуваме во нашата база на податоци се следните: Име, Презиме, Име на правно лице, Адреса, Телефон, Електронска адреса.
- Во горе споменатите точки е опфатена целокупноста на значењето на употребата и заштитата на личните податоци, а истата е спроведена согласност законот за заштите на лични податоци, издаден во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05 и 103/08.
I.2 - ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ
- Во доверливи податоци спаѓаат: лозинка, платежна картичка.
- Лозинката за најава на нашиот портал, односно интернет продавница Revolution.mk се запишува во екриптирана, односно шифрирана форма во нашата база на податоци и истата не е достапна за преглед.
- Авторизирањето на платежните картички не е во наша надлежност. По пополнувањето на нарачката Вие сте пренасочени надвор од доменот Revolution.mk, поточно кон наплатниот систем на НЛБ Тутунска Банка, каде наша обврска за примање, запишување и зачувување на податоците за истите не постои.
II. ПОЛИТИКА ЗА НАПЛАТА, ИСПОРАКА НА НАРАЧКИ, ДОСТАВА НА НАРАЧКИ И ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
II.1 -ПОЛИТИКА ЗА НАПЛАТА
- Наплатата за испратените нарачки од Ваша страна ја извршуваме во моментот на испораката. Вие ја пополнувате нарачката и потоа сте пренасочени кон официјалниот онлајн процесирач на картички на НЛБ Тутунска Банка, каде се врши интернет наплатата, со пополнување на податоци од Вашата кредитна или дебитна картичка. Во моментот на пополнување на картичката Вие сте авторизирани, а пред испораката Вашите средства се одбиваат од Вашата сметка и потоа нарачката се превзема од страна на компанијата за достава на пратки.
II.2 - ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА НА НАРАЧКИ
- Како што е наведено во претходната точка, нарачките се испорачуваат по извршувањето на наплатата, односно при одземањето на средствата од Вашата сметка.
- Нарачките се испорачуваат на наведените Име и Адреса од страна на корисникот или потрошувачот.
- До овој момент, нарачките се испорачуваат само на територија на Република Македонија.
- Цената за испораката на нарачките ја одредува тежината на пратката, а истата се пресметува за време на пополнувањето на нарачката. Нарачките со вредност од на 9.999,00 денари се испорачуваат бесплатно, односно на трошок на Revolution.mk
- Рокот за испорака на нарачките е максимум до 2 работни дена од денот на извршување на уплатата од страна на корисникот или потрошувачот.
- Испораката ја врши надлежна компанија за вршење на испорака на пратки.
- Нарачките се осигурани од страна на компанијата за вршење на испорака на пратки.
II.3 - ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА НАРАЧКИ
- Доставата на нарачките е одговорност на компанијата за вршење на испорака на пратки.
- Рокот за достава на нарачките е максимум до 2 работни дена од денот на испораката на истите.
- Доколку команијата за вршење на испорака и достава на пратките не го затекне примачот на адресата наведена од нарачателот, истиот е должен да достави писмено известување или да го контактира телефонски примачот.
- Доколку производите испорачани од компанијата за вршење на достава се физички оштетени, примачот е должен истото да го пријави кај нив.
II.4 - ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
- Доколку не успееме да Ви го обезбедиме производот од било какви причини, а истиот е веќе наплатен од страна на наплатниот провајдер НЛБ Тутунска Банка, средствата ќе Ви бидат рефундирани во целост.
- Поврат на средства е возможно само врз основа на Законот за заштита на потрошувачите (Сл.весник на РМ бр.38/04, 77/07 И 103/08).
|